ВИДЕО: Турција слави европско злато, Гулиев најбрз на 200 метри

Турција го слави првото злато и третиот медал на Европското првенство во атлетика во Берлин.

Во една од најпрестижните трки на шампионатот, Рамил Гулиев истрча импресионирачка трка и со личен рекорд од 19.76 секунди го оствари најголемиот успех во кариерата. 

Сребрениот медал му припадна на Нетаниел Мичел Блејк од Велика Британија, а по фото-финишот на пиедесталот се искачи Швајцарецот Алекс Вилсон, кој истрча 20.04 секунди.

Како и на „стотка“ разочара Британецот Адам Џемили, кој го освои само шестото место.