• Мартин Танасковски

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски имаше одлично отварање на сезоната. На митинг кој е со етикета од Светската Атлетика вечерва во Архус (Данска) Андреас прескокна 7.65 метри во скок во далечина.
Со овие скокови, тој го освои третото место. Прв беше Тобиас Монтлер (Шведска) со скок од 8.07 метри, а второпласиран беше Џејсон Смит (САД) кој имаше должина на скокот исто како Андреас, 7.65 метри.
Американецот во пласманот заврши втор заради подобрата серија на скокови.