• Мартин Танасковски

На атлетскиот митинг во Калитеа (Грција) Андреас Трајковски во третата серија прескокна 7.79 метри (+0.9 м/с) со што постави нов државен рекорд во скок во далечина.
Претходниот рекорд во оваа атлетска дисциплина беше исто така во сопственост на членот на АК Работнички, изнесуваше 7.60 метри и беше поставен минатата година.
Андреас го освои четвртото место на митингот. Прв беше Муарил Сришинкар од Индија со скок од 8.18 метри, втор беше Данецот Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.