ВИДЕО: Тинејџер од Канада најбрзо истрча 400 метри, но рекордот не е признат

Канаѓанецот Кристофер Моралес Вилијамс успеа да истрча рекордни 44,49 секунди на патека од 400 метри. Станува збор за универзитетско натпреварување во Соединетите Американски Држави, кое ги нема истите пропозиции како најголемите светски собири, па поради тоа рекордот на Вилијамс нема да биде признат. 

19-годишниот студент на Универзитетот Џорџија в саботата во Фајетвил, Арканзас победи на трката на 400 метри и забележа рекордно време. Сегашниот рекорд е во сопственост на американскиот спринтер Михаел Норман кој во 2018 година истрча 44,52 секунди, исто така на универзитетски натпревар.

Инаку, овој рекорд нема да биде признаен поради стартните блокови, односно нивното позиционирање. Имено, блоковите мора да бидат споени со стартниот информациски состав, на Меѓународната атлетска федерација која мери време на реакција. Бидејќи тоа не беше случај на оваа трка, рекордот на Кристофер Моралес Вилијамс не може да се впише како светски. 

Сепак, едно е сигурно, ако тој продолжи да настапува со слично темпо рекордите ќе дојдат во иднина.