• Зоран Мишевски
На повидок е голема новина во светот на атлетиката. Светската атлетска федерација објави дека планира да го започне Светското првенство во маратон од 2030 година и дека тоа ќе бара големи промени во календарот кога станува збор за трчање на долги патеки.
Маратонот ќе остане составен дел од Светското првенство во 2027 и 2029 година, но од 2030 година ќе биде независен настан. Маратонот нема да се трча на Светското првенство во атлетика во 2031 година.
Светското првенство во маратон треба да се одржува секоја година од 2030 година, но мажите ќе се натпреваруваат една година, а жените следната.
Атлетската централа веќе започнала преговори со Атина, која би била домаќин на првото Светско првенство во маратон.