ВИДЕО: Стојоски го собори личниот рекорд и забележа историски успех на ЕП до 23 години

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски забележа голем успех на Европското првенство за натпреварувачи до 23 години. 

Нашиот претставник на овој собир го освои шестото место на трката на 400 метри, притоа соборувајќи го својот личен рекорд за една стотинка. 

Вчера, Стојоски влезе во атлетската историја во нашата држава како прв натпреварувач кој ќе учествува во едно финале, а денес не разочара и со време од 47 секунди и една стотинка застана на шестата позиција. 

21-годишниот атлетичар на овој собир се натпреваруваше и на трката на 200 метри, на која заврши на 30-тото место од 36 натпреварувачи.