• Саше Љолес
Американката Масаи Расел е освојувачка на златниот медал во дисциплината 110 метри со пречки, откако триумфираше во фото-финиш на Олимписките игри во Париз со време 12,33 секунди.
Зад неа остана домашната претставничка Сирена Самба-Мајела, која задоцни само една стотинка и истрча време од 12,34 секунди. Бронзениот медал ѝ припадна на Јасмин Камачо Квин од Порторико со време 12,36 секунди.
Трката беше исклучително возбудлива и атрактивна, публиката имаше многу причини за задоволство, а најголема беше радоста помеѓу американските навивачи кои го прославија првиот златен медал од Олимписките игри за 24-годишната Масаи Расел.