• Иван Димовски
Дијамантската лига во атлетика ќе го зголеми наградниот фонд, а тоа ќе стартува од следната сезона.
Оваа информација ја потврди Светска атлетика, наградниот фонд ќе биде рекорден досега. Во 2025 година ќе бидат исплатени 9,2 милиони долари, што е највисоко примање откако е основана лигата во 2010 година.
Распоредот за следната сезона е веќе познат, ќе има 14 еднодневни митинзи, додека финалето ќе се одржи низ два натпреварувачки дена во август во Цирих.
На секој митинг по дисциплина ќе се доделува меѓу 30.000 и 50.000 долари награда, додека во финалето премиите ќе бидат меѓу 60.000 и 100.000 долари.