Шпански атлетичар драконски казнет, фалсификувал документи во допинг скандал

Мохамед Катир е суспендиран на четири години поради фалсификувани документи кои ги предал до Антидопинг агенцијата во тек на една истрага. Во февруари Катир доби двегодишна суспензија бидејќи за една година прескокнал три тестирања за допинг. 

Во истрагата се утврди дека Катир принел и фалсификувани документи, а сега казната беше удвоена. Во обид да ја избегне првичната санкција, шпанскиот атлетичар направил уште еден престап и за тоа сега е драконски казнет со четири години суспензија од спортот. 

Суспензијата ќе биде на сила до февруари 2028 година, бидејќи започна изминатиот февруари. Единицата за интегритет во атлетиката (АИУ) побара и бришење на резултатите кои Мохамед Катир ги постигна од 9 март оваа година, меѓутоа тоа барање беше одбиено. 

Во кариерата Катид има по една бронза и сребро на трките на 1.500, односно 5.000 метри на Светските првенства.