Серијата нема крај: Нов светски рекорд на Дуплантис во скок со стап (ВИДЕО)

Светот на атлетиката слави уште еден светски рекорд во скок со стап. Големата атлетска ѕвезда, Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап откако во финалето на Дијамантската лига во Јуџин, уште во првиот обид прескокна 6.23 метри.

Дуплантис кој го држи и рекордот во сала од 6,22 метри, во првата серија успеа да дојде до височина за нов светски рекорд, само една година откако на истото место го постави веќе сега вториот најдобар скок на сите времиња на отворено, 6,21 метар.

Швеѓанецот е единствен кој успеал да скокне над 6,16 метри и досега за седум сантиметри седумпати по ред го подобруваше светскиот рекорд.