Пречкртани четири дисциплини за Дијамантската лига, ќе има и дополнително кратење на списокот

Светскиот атлетски сојуз донесе одлука следната година во Дијамантската лига да се натпреварува во вкупно 24 дисциплини. Со кратењето на бројот на категории ќе останат по 12 во машка и женска конкуренција. 

Од следната сезона во Дијамантската лига нема да има натпревари во фрлање на диск, трка на 200 метри, трискок и 3.000 метри со пречки... Изборот на дисциплини кои ќе се исфрлат бил направен според листата на интерес од анкетирана група на гледачи. 

Од Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) најавија дека списокот може дополнително да биде скратен во 2021 година, а за тоа организацијата ќе одлучува на крајот на следната година.