Поп Арсова 99-та на Светското првенство во полумаратон

На Светското првенство во полумаратон, кое се одржа во Гдиња (Полска), нашата најдобра атлетичарка на средни и долги патеки Адријана Поп Арсова низ целта мина со време 1:22.18 часа и го освои 99. место.

На првенството се соборија светскиот и европскиот рекорд како и неколку национални рекорди.

Перес Џепчирчир од Кенија во рок од само 12 дена по вторпат го сруши светскиот рекорд и новото најдобро време изнесува 1:05.16 часа. г

Кенијката го поправи најдобриот резултат на сите времиња за цели 18 секунди.