Почина славната златна олимпијка на Германија

Германската атлетичарка Анели Ерхарт почина на 74-годишна возраст. 

Се работи за златна медалистка за Источна Германија од Олимписките игри во Минхен 1972. година. Ерхарт тогаш беше најбрза на трката на 100 метри со пречки. Истата година таа постави и светски рекорд со 12,59 секунди, а оттогаш границата е поместена речиси за половина секунда. 

Ерхарт своевремено освои и четири златни медали на европските првенства, а последниот настап на Олимписките игри го имаше во 1976 година во Монтреал.