Почина атлетската легенда чиј рекорд никој не го соборил 35 години!

Светската атлетика загуби големо име.  Сопственикот на најдобриот резултат на сите времиња во фрлање кладиво, Русинот Јуриј Седих, почина денес на 66-годишна возраст поради проблеми со срцето.

Седих е роден во руското гратче Новочеркаск во 1955 година. На рана возраст се пресели во Украина, а по распадот на Советскиот сојуз живееше во Франција. Во исклучително успешната кариера, Седих освои две златни и еден сребрен олимписки медал, а беше и светски првак и трикратен европски шампион.

Неговото постигнување од Штутгарт 1986 година (86.74 метри) и натаму е светски рекорд во дисциплината фрлање кладиво.