• Горан Упале
Атлетичарката од Уганда, Ребека Чептегеи почина денеска на 33-годишна возраст во болница во Кенија, како последица на тешки изгореници што ги предизвикал нејзиниот партнер.
Смртта на олимписката маратонка ја потврди и портпаролот на болницата во Елдорет, Овен Менах. Тој рече дека Чептегеи починала рано утринава откако и откажале сите органи. Атлетичарката добивала седативи за време на нејзиниот престој во болница.
Тешките изгореници покриле 80 отсто од телото на Чептегеи, а во неделата ѝ ги нанел нејзиниот партнер Диксон Ндиема Марангач. Влегол во нејзината куќа во западна Кенија, ја чекал да се врати од црква со децата, ја полил со бензин и ја запалил.
И Марангач се здобил со изгореници и се лекува во истата болница на интензивна нега. Како што се наведува, изгорениците му покриле 30 отсто од телото, но тој е во стабилна состојба.