• Мартин Танасковски
Кенискиот атлетичар Емануел Вањони е нов олимписки шампион на 800 метри, а до златото стигна во исклучително брза и возбудлива трка со личен рекорд од 1:41,19 минути, што е петти најдобар резултат на сите времиња во оваа делница.
Само една стотинка побавен од 20-годишниот Кениец во финалниот спринт беше Канаѓанецот Марко Ароп (1:41.20), кој го освои сребрениот медал. Алжирецот Џамел Сеџати го освои бронзениот медал со 1:41.50 минути.
Ова е петто последователно олимписко злато за Кенија во оваа дисциплина, а Вањони ја продолжи серијата на Вилфред Бунгеи (Пекинг 2008), Дејвид Рудиша (Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016) и Емануел Корир (Токио 2021).