ВИДЕО: Пеколен финиш на Ингебритсен и злато на 1.500 метри

Двократниот светски шампион на 5.000 метри, Норвежанецот Јакоб Ингебригсен, ја освои титулата олимписки победник во Париз, надминувајќи ги своите конкуренти во последните 200 метри.

Ингебригтсен имаше разочарувачки настап на 1500 метри, но на оваа трка избра победничка тактика и со незапирлив финиш ги скрши своите конкуренти. Во бавната трка неговото победничко време е 13:13.66 минути, но тоа е најдобриот резултат сезонава за 23-годишниот Норвежанец. Кениецот Роналд Квемои истрча до среброто (13:15.04), а втората бронза во Париз ја освои Американецот Грант Фишер (13:15.13).

Хамиш Кер стана првиот спортист од Нов Зеланд кој освои титула олимписки победник во скок во височина. До златото стигна во дополнителен скок со Американецот Шелби Мекјуен. И двајцата имаа скок од 2.36 метри во првиот обид и двајцата „рушеа“ на 2.38 метри. Истата ситуација ја видовме и во Токио, кога Италијанецот Џанмарко Тамбери и Катарецот Мутаз Еса Баршим решија да го поделат златото. Сепак, тука немаше договор меѓу ривалите, па почнаа да скокаат за златото. Кер скокна на 2.34 метри и го освои златото, бидејќи Мекјуен не успеа и мораше да се задоволи со сребрениот медал. Мутаз Еса Баршим освои бронза.