• Редакција Gol.mk
Некогаш и статуа на голем спортист може да предизвика големи полемики
Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон која со освоените медали во трките на 1.500 и 5.000 метри беше една од хероините на Олимписките игри во Париз, се соочи со непријатности во татковината, откако статуата која во нејзина чест ја изработи аматерски скулптор е отстранета поради поплаки од локалното население.
Статуата на атлетичарката прикажана во маичка со кениското знаме е отстранета набрзо по нејзиното поставување во градот Елдорет, Статуата ја прикажува Кипјегон во спринтерска поза, како држи нешто наликува на мачета – далеку од стандардниот приказ на олимписки победник. Интерпретацијата на уметникот предизвика бран од реакции, па некои повикаа „скулпторот“ да биде уапсен или кривично гонет.
Кипјегон испиша историја на Игрите во Париз кога стана првата жена која освоила три последователни олимписки златни медали на 1.500 метри, соборувајќи ја границата со нов олимписки рекорд од 3:51,29 минути.