• Горан Упале

Олимписката шампионка во скок во далечина од Токио 2021 година и актуелна европска шампионка во оваа дисциплина, Малаика Михамбо од Германија, тврди дека медитацијата ѝ помогнала да стане подобра спортистка.
„Веќе бев ментално силен спортист, но со оваа работа низ годините успеав, фигуративно кажано, грубо да го полирам овој дијамант“, изјави 30-годишната Германка.
Таа вели дека понекогаш медитира по еден час дневно, а понекогаш само пет минути.
„Сфатив дека секојдневието ми е премногу непредвидливо и дека не можам по секоја цена да се стремам кон некаква рутина“, изјави Михамбо.
Во тешките фази Михамбо се потпира и на вежби за опуштање на умот, кои ги правела и летово на Олимписките игри во Париз, кога се бореше со последиците од заразата со коронавирусот. Покрај златото во Токио 2021 и среброто на овогодинешните Игри во Париз, Михамбо е двократен светски шампион (Доха 2019 и Јуџин 2022) и европски (Берлин 2018 и Рим 2024).