Олимписката првенка во троскок ќе ги скокне ОИ во Париз

Актуелната олимписка шампионка во троскок, Јулимар Рохас потврди дека нема да го брани златото на следните Олимписки игри во Париз. 

Рохас преку социјалните мрежи потврди дека ќе ги скокне Игрите во Париз, поради повреда на ахиловата тетива. Таа изрази жалење за отсуството на турнирот во Франција и фактот дека нема да го брани златото. 

„Чувствувам голема тага и сакам да се извинам што не сум во можност да ја претставувам Венецуела и себе за Игрите во Париз 2024“, напиша Рохас.

Станува збор за четирикратна шампионка на светот на отворено и трикратна во сала. Рохас има троскок од 15,74 метри, со што го држи светскиот рекорд од 2022 година.