Огромен интерес за неделната ноќна трка во центарот на Скопје

Атлетската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов ќе организираат атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември. Maнифестацијата е дел од чествувањето на празникот 13 ноември - денот на ослободување на Град Скопје. 

Стартот и целта на трката ќе се одржи на плоштадот Македонија во близина на Триумфалната капија. Патеката е кружна во должина од 1.200 метри и поминува преку плоштадот Македонија, сутерен на градскиот трговски центар, покрај Градска болница и Собранието и повторно до плоштад Македонија.

Најавено е учество на десетина средни училишта, кои ќе се натпреваруваат во машка, додека во главната трка на шест километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи.

Стартот на програмата е закажан за 15:00 часот. додека училишните трки почнуваат во 15:10 за момчиња и 15:20 за девојчиња. Главата трка на шест километри ќе стартува во 15:30 часот.