• Зоран Мишевски
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/04/12/poistogova-guliev-2.png?itok=d1pAh0Rv)
Руската атлетичарка Екатерина Поистогова-Гулиев е суспендирана на две години и ќе ѝ биде одземен сребрениот медал освоен во трката на 800 метри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, соопшти Атлетското тело за интегритет (АИУ).
33-годишната Поистогова-Гулиев беше суспендирана на две години од март 2023 година поради користење забранета супстанца, а воедно и беа дисквалификувани сите резултати во периодот од 17 јули 2012 до 20 октомври 2014 година.
Доколку Гулиева не ја обжали суспензијата, Памела Јелимо од Кенија ќе го освои среброто, додека на Американката Алисија Монтано ќе и припадне бронзата.