• Зоран Мишевски

Организаторите на Дијамантската лига го објавија календарот на атлетски митинзи во 2024 година. Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.
Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.
Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024 година:
20 април Ксиамен (Кина)
27 април Шангај (Кина)
10 мај Доха (Катар)
19 мај Рабат (Мароко)
25 мај Јуџин (САД)
30 мај Осло (Норвешка)
2 јуни Стокхолм (Шведска)
7 јули Париз (Франција)
12 јули Монте Карло (Монако)
20 јули Лондон (Велика Британија)
22 август Лозана (Швајцарија)
25 август Вроцлав (Полска)
29 август Рим (Италија)
5 септември Цирих (Швајцарија)
13/14 септември Брисел (Белгија).