Одлични резултати на претставниците на 091 Run Crew на полумаратонот во Подгорица

Здружението за промоција и поттикнување на спортски активности, 091 Run Crew од Скопје, испрати свои претставници на полумаратонот во Подгорица, Црна Гора, каде забележа одлични резултати. 

Љубица Будимовска Динева и Емилија Пајковска го освоија третото место во своите категории во полумаратон, додека во маратонската трка на 42 километри со бронза се закити Евица Муфтаровска.

Учество во полумаратонската трка и во трката на пет километри зедоа и останати членови од ова здружение кои значително ги подобрија своите лични времиња.

Членови на 091 Run Crew често настапуваат на маратонски и полумаратонски трки низ целиот свет, а неодамна нивни претставници престојуваа во Атина, каде учествуваа на маратонската трка во должина од 42 километри.