Ново европско стиплчес злато за Французинот Мехиси-Бенабад

Култната трка на 3.000 метри стиплчес целосно ги оправда очекувањата на љубителите н атлетиката на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Во драматична финална трка, францускиот среднопругаш, контроверзнот Махиедин Мехиси-Бенабад одлично ја темпираше формата и во последните два круга им побегна на пратителите за второ европско злато, по она во Цирих пред четири години.

Неговиот резултат, 8:31.66 минути, е далеку од најдобрите постигнувања, но беше доволен за уште едно европско злато.

Шпанецот Фернандо Каро со време 8:34.16 истрча до среброто, а Јоханес Чиапанели од Италија, кој долго време водеше со резултат 8:35.81 минути се задоволи со бронзен медал.