Норвежанецот Вархолм го „украде“ златото на 400 метри со пречки 

Машкото финале на 400 метри со пречки беше првата распределба на медали на третиот финален ден на Европското првенство во атлетика во Берлин. Норвежанецот Карстен Вархолм, трчајќи од шестата патека, изби на чело и во дуел со Турчинот Копело прв влезе во целта со време, 47.37 секунди,

Јасмани Копело на Турција и го донесе вториот медал во Берлин, а Томас Бар од Република Ирска, иако трчаше од надворешната осма патека, стигна до бронзен медал. 

Вечерва медали ќе се делат уште во дисциплините 200 метри мажи, 3.000 метри стиплчес мажи, 100 метри со пречки жени, фрлање копје мажи и фрлање ѓуле жени.