• Саше Љолес

Шесткратниот светски шампион, Ноа Лајлс, ја продолжи соработката со германскиот производител на спортска опрема, Адидас, и го потпиша најголемиот спонзорски договор во историјата на атлетиката!
Американскиот спринтер се обврза на нова соработка со важност до Летните олимписки игри во 2028 година, а неговата заработка ќе изнесува малку над 100 милиони долари. Сумата не е официјално потврдена од ниту еден извор, но се претпоставува дека истата може да биде и поголема, во зависност од резултатите и перформансите на атлетичарот.
„Кога првпат потпишав договор со „Адидас“, тоа за мене беше исполнување на сонот. Од 2016 година наваму отсварив неверојатни успеси и мислам дека заслужувам нова соработка со овој гигант за спортска опрема. Тие ја делат мојата визија за спортот и веруваат во моите квалитети, а заедно ќе бидеме уште поуспешни во иднина“, изјави Лајлс.
Овој договор е прв по пензионирањето на легендарниот Усеин Болт, а воедно претставува и најбогат дововор во историјата на атлетиката. Адидас беше спонзор на Лајлс уште од 2016 година, а новата соработка е на обострано задоволство.