• Саше Љолес

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебритсен постави нови светски рекорди во сала на 1,500 метри на Златниот митинг во францускиот Лиевин.
Ингебритсен успеа да го подобри светскиот рекорд само пет дена откако најдобро време истрча Американецот Јаред Нугус, а новиот рекорд сега изнесува 3:45,14 минути.
Исто така успеа и да го подобри својот личен светски рекорд на 1500 метри, трчајќи време од 3:29,63 минути, со што го подобри најдобриот резултат за скоро цела секунда.
„Се чувствувам неверојатно. Среќен сум затоа што многу труд вложив за да бидам на ова ниво. Мора да сте сконцентрирани во текот на целата трка. Тешко е, но сето ова на крајот вреди“, изјави олимпискиот шаммпион од Париз и Токио.
Неверојатниот Норвежанец има и две светски титули на отворено на 5,000 метри, како и два сребрени медали од Светските првенства на 1,500 метри.