Неверојатниот Дуплантис одново ја подигна летвата и собори рекорд по дванаесетти пат!

Апсолутниот владетел во дисциплината скок во височина продолжува да блеска. Арманд Дуплантис ја подигна летвата по којзнае кој пат, рушејќи нов светски рекорд. Овој пат, Швеѓанецот го направи тоа во Стокхолм, пред својата домашна публика. Тој го направи тоа во својот прв обид на митингот од Дијамантската лига, скокајќи шест метри и 28 сантиметри!

Ова е дванаесетти пат Дуплантис како руши светки рекорд, а исто така по 28 години, уште еден светски рекорд е соборен во Стокхолм. Последниот пат тоа беше направено во трката на 800 метри.

Можеби овој рекорд беше особено посебен за него затоа што го направи пред својата домашна публика, а по рекордниот скок отиде кон трибините за да го прослави ова неверојатно достигнување.