• Горан Упале
Етиопјанецот Тамират Тола го освои златниот медал во маратон на Олимписките игри во Париз. Тој го собори олимпискиот рекорд, трчајќи 42 километри за 2:06:26 часа.
Највпечатливо од целата ситуација е фактот што 32-годишниот Тола доби шанса да се натпреварува на Игрите на само неколку недели пред почетокот, бидејќи неговиот колега од репрезентацијата мораше да го откаже настапот поради повреда.
Набргу потоа, Тола „леташе“ низ париските улици додека зад него завршија – сребрениот Башир Абди од Белгија (2:06:47 часа) и Кениецот Бенсон Кипрут (2:07:00 часа), кој го освои бронзениот медал.
Елиуд Кипчоге, победникот од Токио, не успеа да ја одбрани титулата, па дури ни да ја заврши трката. Македонецот Дарио Ивановски, и покрај проблемите, успеа да ја заврши трката и да се пласира на 69. место.