• Зоран Мишевски
На третиот ден од Европското првенство во атлетика 2026 во Бирмингем беа поделени медали во вкупно четири финални дисциплини на патеката.
Во машката трка на 400 метри нов европски првак е Метју Хадсон-Смит од Велика Британија. Тој ја истрча делницата за 44.17 секунди. Мухамад Абдалах Кунта од Франција освои сребро, а Џонас Фијферс од Холандија се закити со бронза.
Ема Заплеталова од Словачка е нова европска првенка на 400 метри со пречки. Таа истрча 52.91 секунди и ги порази Емили Њунам од Велика Британија и Фатумата Бинта Диало од Португалија, кои ги освоија останатите два медали.
Во машкото финале на 110 метри со пречки европски првак стана Џејсон Џозеф од Швајцарија, а кладивото кај дамите најдалеку го фрли Силја Косонен од Финска – 76.28 метри.