• Мартин Танасковски
Единаесет атлетски шампиони ќе ги бранат титулите на Светското првенство во сала кое ќе се одржи во кинескиот град Нанџинг.
Откако беше потврдена конечната листа на учесници, јасно е дека на настанот ќе се натпреваруваат 576 спортисти (264 жени и 312 мажи) од 127 земји. Македонија нема да има свои претставници на овој светски собир. На првенството во Кина ќе се појават 20 медалисти од Олимписките игри во Париз минатата година.
Шампионите од минатогодишното издание во Глазгов, кои ќе ги бранат златните медали во Кина, се светските рекордери Арманд Дуплантис (скок со стап), Девин Чарлтон (60м/пр.) и Грант Холовеј (60м/пр.), како и Моли Кодри (скок со стап), Циге Духума (800 метри), Хемиш Кер (скок во височина), Тиа Лафонд (троскок), Сара Митон (фрлање ѓуле), Николас Олислагерс (скок во височина), Милтиадис Тентоглу (скок во далечина) и Хју Фабрис Занго (троскок).
Светското првенство во атлетика во сала ќе се одржи од 21 до 23 март.