• Горан Упале

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски и неговата компанија за спортска опрема „Џамперс ворлд“ во следниот период ќе бидат одговорни за опремата на атлетскиот клуб Црвена Звезда од Белград.
Трајковски и Црвена Звезда потпишаа соработка на две година и на тој начин атлетичарите на српскиот тим ќе носат опрема креирана само за нив од „Џамперс ворлд“.
„Навистина сум среќен што мојата компанија „Џамперс ворлд“ потпиша двегодишно партнерство со атлетскиот клуб Црвена Звезда. Оваа соработка е значаен чекор напред за нас, бидејќи ги здружуваме силите со еден од најпрестижните клубови во регионот, подржувајќи ги неговите атлетичари со опрема со премиум квалитет“, вели Трајковски.
Инаку, Трајковски е рекордер на Македонија во скок во далечина со 7.91 метри и ја претставуваше нашата држава на последното Европско првенство во Рим.