ВИДЕО: Литванецот Алекна го подобри сопствениот светски рекорд во фрлање диск

Олимпискиот вицешампион во фрлање диск, Литванецот Миколас Алекна, го подобри сопствениот светски рекорд во фрлање диск на митингот во амедиканскиот град Оклахома.

22-годишниот атлетичар го фрли дискот 75,56 метри и стана прв во историјата што ја поминал границата од 75 метри. Тој во 2024 година на истиот турнир го постави светскиот рекорд фрлајќи го дискот 74,35 метри.

Литванецот е освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Париз.