• Горан Упале

Само ден по трагичната смрт на Јанис Тима, спортска Летонија ја погоди уште една тажна вест. Почина Ајгарс Фадејевс, бронзен медалист на 50 километри брзо одење на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.
Имаше само 49 години, а покрај олимпискиот медал беше на подиумот и на Европските првенства.
„Ајгарс требаше да наполни 49 години на 27 декември. Неговиот живот беше полн со енергија, среќа и љубов. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во време на жалост“, се вели во соопштението на неговото семејство.
По завршувањето на кариерата работел како физиотерапевт, а еден од клиентите му бил славниот Коби Брајант.