Кениска атлетичарка пронајдена мртва во својот дом

Втора голема трагедија ја погоди светската атлетика во само една недела. Кенијката Агнес Тироп пронајдена е мртва во својот стан во Итен. 25-годишната Тирол, според домашните медиуми, се самоубила.

Кенијката го собори светскиот рекорд на улична трка на 10.000 метри, а минатата недела истрча 29:38 минути во Женева. Тироп на Светското првенство во Лондон во 2017 година и Доха во 2019 година освои бронзен медал на 10.000 метри. Таа беше светски шампион на крос-кантри во Гуанг во 2015 година.

Младата Тироп беше и дел од кенискиот олимписки тим во Токио. Таа го освои четвртото место во трката на 10.000 метри, зад медалистките Сифан Хасан, Хелен Обири и Гудаф Чегај.