• Мартин Танасковски
Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон трет пат по ред ја освои титулата олимписки победник на трката на 1500 метри, а воедно постави нов олимписки рекорд (3:51,29 минути) на Стад де Франс во трка во која шест други атлетичари поставија лични рекорди.
Пред еден месец Кипјегон на истата патека постави светски рекорд (3:49.04), а никој не успеа да ѝ се закани ниту во нејзината трка до третото олимписко злато. Таа беше во водечката група до последните 300 метри, а потоа избега напред и никогаш не го испушти водството.
Кенијката го подобри својот претходен олимписки рекорд од Токио (3:53.11) за речиси две секунди. Австралијката Џесика Хул (3:52.56) истрча до среброто, а бронзата ја освои Британката Џорџија Бел (3:52.61) со нов национален рекорд.