Јован Стојоски обезбеди финале на 400 метри на У23 шампионатот во Шведска

Единствениот македонски преставник на Eвропското атлетско првенство под 23 години, кое се одржува во Гафле (Шведска), Јован Стојоски настапи со исполнети норми во дисциплините 200 и 400 метри.

Стојоски во квалификациските групи на трката на 400 метри го освои третото место во својата група со резултат 47.68 секунди. Овој резултат му овозможи пласман во полуфиналната рунда која ќе се одржи утре попладне со почеток во 17:05 часот. Јован ќе трча во првата полуфинална трка.

Стојоски веднаш по трката на 400 метри ќе настапи и во квалификационите групите на 200 метри, каде е пријавен во петтата квалификациона група, која предвидено е да се трча во 19:40 часот.