• Иван Димовски
Откако прво заврши машката, на улиците во Париз се одржа и женската трка на 20 километри во брзо одење, а златниот медал ѝ припадна на Јанг Џиају.
Кинеската атлетичарка уште од стартот се наметна, се одлепи од конкуренцијата и водеше до самиот крај. Долго време од трката таа имаше предност од околу 40 секунди, но истата потоа беше преполовена во завршната четвртина. Сепак, Џиају не беше загрозена во ниту еден момент и доминантно освои злато со време 1:25,54.
На второто место се пласира шпанската претставничка Мариа Перез со задоцнување од 15 секунди. Шест секунди зад сребрената Перез финишира Јемина Монтаг од Австралија за бронзен медал.