ВИДЕО: Ивановски постави нов рекорд на 3.000 метри и го освои четвртото место на Балканското првенство

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски имаше извонреден настап на Балканското првенство кое се одржа во Истанбул, Турција, откако заврши меѓу најдобрите и воедно постави нов македонски рекорд во дисциплината 3.000 метри во сала.

Нашиот најдобар атлетичар заврши на четвртото место и ја финишира трката со време 8.14.44 минути, што е најдобро време од нашата земја.

Ивановски за малку не успеа да освои историски медал, но и покрај тоа, ова е еден од најдобрите настапи на македонските атлетичари во конкуренција на Балканот.