Ислами и Стојоски тргнаа по балкански подиум во Истанбул

Нашите најдобри спринтери Дрита Ислами и Јован Стојоски, предводени од селекторот на Кристијан Кајчевски, привршуваат со последните подготовки пред утрешниот настап на Балканското Првенство во главниот турски град Истанбул.

Нашите атлетичари во силна конкуренција од 21 репрезентација - членки на Балканската Атлетска федерација, ќе истрчаат на тартанот во Истанбул во дисциплината 400 метри.

Со оглед на досегашната форма и постигнатите резултати на атлетичарите во овој зимски дел од сезоната, а воедно и рекорди на Македонија, атлетската јавност со право очекува балкански подиум.