ВИДЕО: Холанѓанката Сифан Хасан постави светски рекорд на една милја

Холанѓанката Сифан Хасан оствари чудесен резултат, откако синоќа на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло постав светски рекорд на трката на една милја.

Девојката родена во Етиопија триумфираше со време од 4:12.33 минути и подобрување на најдоброто светско време на Русинката Светлана Мастеркова, кое изнесуваше 4:12.56 минути.

Британката Лора Вајтмен со личен рекорд од 4:17.87 минути го освои второто место.

Од останатите трки во „кнежевството“, ја издвојуваме победата на 100 метри на Џастин Гетлин од САД со време од 9.91 секунди.