Хероина на денот: Шестгодишно девојче постави европски рекорд на десет километри

Сара Мелони

Убави вести доаѓаат од Италија кои велат дека се појави несекојдневен талент на атлетските патеки.

Малата Сара Мелони, која има само шест години, истрча рекордни 50:01 минути на патека долга 10 километри. Ова е европски рекорд за атлетичарки на нејзината возраст кој беше потврден овој месец, иако трката се одржа во 2018 година.

Нејзиниот татко Пјерникола Мелони во неа виде талент, па реши да и даде шанса, приклучувајќи ја во атлетискиот клуб „Atletica Run Run Club“. Набрзо виде дека неговата ќерка прави работи кои се далеку подобри од оние на девојчињата со нејзина возраст и реши целосно да го посвети својот живот на нејзината кариера.

Достигнувањето на Сара доби заслужено признание пред една недела и сега официјално е нов европски рекорд.