Херман моќна на 100 со пречки, Белорусија со прво злато во Берлин

Спектакуларниот трет ден на Европското првенство во атлетика во германската метропола Берлин заврши со возбудливата финална трка на 100 метри со пречки во женска конкуренција.

Белорусинката Елвира Херман со доминантна трка и одличен баланс стигна до најголемиот успех во својата кариера и првото европско злато. Таа имаше енергија и со одлично последни 20 метри го „грабна“ златото. 

Херман истрча 12.67 секунди и ги победи двете германски спринтерки, Дуткиевич и Роледер, кои се задоволија со сребрениот и бронзениот медал.

Ова е прв златен медал за Белорусија на Европското првенство во Германија.