• Зоран Мишевски

Министерството за спорт договори изградба на атлетска патека во Гевгелија во вредност од 126.000 евра. Според информациите од Општина Гевгелија, со реализацијата на овој проект се отвора можност за професионално и рекреативно атлетско трчање. За потсетување Гевгелија полека се мапира на светската атлетска карта благодарение на АК „7 ноември“ и организацијата на „Novembar run“.
Според техничката спецификација, станува збор за атлетска патека од четири траки со еластична спортска подлога со дебелина до 13 милиметри која ќе биде поставена на асфалтна подлога. Паралелно се планирани и монтажа на десет клупи за седење како и поставуавање на четири корпи за отпадоци околу патеката
Според склучениот договор, атлетската патека треба да биде готова напролет или во рок од шест месеци.



