• Саше Љолес
Францускиот атлетичар Вилфред Апио официјално доби суспензија поради одбивање да се појави на тестирање за допинг, соопшти Единицата за атлетски интегритет (АИУ).
Привремената суспензија стапува на сила веднаш за освојувачот на сребрен медал од Европското првенство во Минхен, а исто така беше четврти на Светското првенство кое се одржа во 2022 година.
На минатогодишното Европско првенство во Рим не успеа да се пласира во финалето, а истото се случи и на Олимписките игри во Париз. 26-годишниот атлетичар најави жалба на оваа одлука, која беше донесена откако трипати во една календарска година не се појави на закажаните тестирања.