• Зоран Мишевски
Првото атлетско злато на Олимписките игри во Париз му припадна на Брајан Пинтадо, кој победи на трката на 20 километри во брзо одење за 1:18.55 часа. Ова е четврто олимписко злато за Еквадор во историјата, а второ во брзо одење, откако Џеферсон Перез го освои во истата делница во 1996 година во Атланта.
Пинтадо покажа конзистентност и распределување на енергијата и заслужено прв мина низ целта.
Сребрен е Бразилецот Каио Бонфим, а бронзен Шпанецот Алваро Мартин, пред шампионот од Токио, Италијанецот Масимо Стан.
Атлетските натпревари на Олимписките игри продолжуваат викендов.