• Зоран Мишевски
Феноменалниот Мондо Дуплантис, светскиот шампион во скок со стап покажа дека е и исклучителен спринтер. На егзибициската „Трка на светските шампиони“ во Цирих, Дуплантис се тркаше на 100 метри против светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм.
Швеѓанецот Дуплантис постигна одлично време од 10,37 секунди, додека Вархолм заостана десет стотинки.
Дуплантис и Ворхолм заедно имаат четири олимписки медали, три златни и еден сребрен и единаесет светски рекорди, соборени девет пати од Дуплантис, а двапати од Ворхолм.
На митингот од Дијамантската лига во Цирих двајцата се пријавени во своите стандардни дисциплини.