Доминација на Србинката: Ивана Вулета ја освои петтата Дијамантска лига

По златниот медал на Светското првенство во Будимпешта, најдобрата српска атлетичарка Ивана Вулета е победничка и на финалето на Дијамантската лига во Јуџин во скок во далечина, откако во последната серија скокна 6,85 метри за победа и стана шампион на престижното натпреварување.

Вулета до првото место стигна пред Еса Брума од Нигерија. И двете скокнаа по 6,85, а во тие случаи се смета вториот најдобар скок на турнирот. Србинката таму беше подобра, бидејќи нејзиниот втор најдобар скок беше 6,77, а на Нигеријката 6,69. Американката Кваниша Буркс беше трета со 6,77.

Со победата во финалето на Дијамантската лига, Вулета на најдобар можен начин ја круниса фантастичната сезона во која пред само три недели стана светска шампионка во Будимпешта и е подготвена за Олимписките игри во Париз.

Првата Дијамантска лига Вулета ја освои во 2016 година, потоа во 2017 година, а од 2021 година досега воспостави вистинска доминација со уште три титули, а ниту една друга конкурентка во скокови нема повеќе од два пехари.