Дарио Ивановски го освои 46. место на ЕП во Бирмингем!

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го заврши својот настап на Европското првенство во Бирмингем и го освои 46. место во маратонот во конкуренција на 60 натпреварувачи.

Ивановски, кој на шампионатот пристигна во добра форма, трката ја истрча за време од 2:22:39 и успешно ја заврши една од најтешките атлетски дисциплини на континенталниот собир.

Нов европски шампион во маратон стана германскиот атлетичар Петрос, кој славеше со време од 2:09:11, што претставува и нов рекорд на патеката во Бирмингем. Сребрениот медал му припадна на Италијанецот Рива, кој заостана само седум стотинки зад победникот, додека бронзеното одличје го освои Ајаал Израел со уште три стотинки послабо време.

Во женска конкуренција доминираше Финката Алиша Ваинио, која до златниот медал стигна со резултат од 2:22:26. Среброто го освои Унгарката Лили Ана Виндих со време од 2:27:26, додека домашната натпреварувачка Аби Донли се закити со бронзениот медал, ја заврши трката за 2:27:33.